Обвинителството трага по осомничен кој ранил роднина во Долна Бањица

208

Гостиварското обвинителство извршило увид во домот во Долна Бањица, каде денеска околу 11 часот било рането едно лице. Издадени се наредби за собирање на траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.

– Настанот се случил денеска околу 11 часот во с. Долна Бањица, гостиварско, во домот на оштетениот. Според првичните информации осомничениот кој е во блиски роднински врски со оштетениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил оштетениот во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош жртвата е пренесена во Ургентно – хируршкиот центар во Скопје каде што е извршена хируршка интервенција – велат од Обвинбителството.

Од таму додаваат дека осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...