Обвинителството сѐ уште не го нашло кртот кој го дал записникот од сведочењето на Камчев за „Рекет“

409

Обвинителката Вилма Русковска изјави дека сѐ уште не утврдиле како протекол во јавноста дел од записникот од сведочењето на Јордан Камчев за случајот „Рекет“.

– Записници за сведоци, за лица од кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат. Пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава и на одбраната и на осомничените – изјави Русковска на прашањето дали Камчев имал копија од записникот.

Викендов  беше објавена првата страница од записникот од сведочењето на Камчев, по што премиерот Зоран Заев и неколку министри најавија тужби до медиуми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...