Обвинителството поведе истрага против едно лице за производство и продажба на марихуани

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот неовластено заради продажба држел марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама.

43

Основното јавно обвинителство – Скопје започна истражна постапка против едно лице на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот неовластено заради продажба држел марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама.

„Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со проѕирна фолија, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана“, се наведува во соопштението.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за определување мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...