Обвинителството побара од САД да го спречи „Ел Чека“ да објавува „бомби“

450

Скопското обвинителство преку меѓународна правна помош побарало од органите во САД да го спречат македонскиот државјанин, кој живее во Чикаго, да објавува „бомби“ од профилот на Фејсбук со име „Ел Чека“.

Пријавата против лицето кое стои зад овој профил, сепак, нема да ја работи обвинителството во Скопје, туку е префрлена во Кичево бидејќи адресата на живеење на лицето според лична карта е во кичевското село Турин.

Кривичната пријава против него е за делата неовластено прислушкување и тонско снимање и неовластено снимање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...