Обвинителството отвори предмет за фасадата на МЕПСО

450

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги написите во медиумите за  падната фасада на зградата на АД МЕПСО, денеска отвори предмет по допрен глас, информира Обвинителството.

Предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој издаде наредба  до Министерството за внатрешни работи за обезбедување и вештачење на севкупната документација за проектот насловен „Реконструкција и адаптација на зградата“.

– Обвинителството ќе испитува дали квалитетот на градбата соодветствува со барањата содржани во јавната набавка, како и за текот на надзорот при спроведување на изведбата. По добивањето и анализа на вештачењето, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

Со цел подобрување на енергетската ефикасност, на овој проект се потрошени околу 11 милиони евра буџетски средства, соопшти Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...