Обвинителството отвори предмет за радарскиот систем и Рашковски

371

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отворило предмет за спорниот тендер за набавка на радарски систем за управување со воздушниот сообраќај.

Предметот, велат оттаму, е отворен веднаш по објавувањето на аудио-снимка од состанок во Владата, а со него е споена и кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Во август надлежниот јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, соопштија од обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...