Обвинителството отвори предмет за коментарите на Фејсбук по пожарите во Грција

1613
ФОТО: EPA/ALEXANDROS VLACHOS

Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција во кој има и човечки жртви, посочуваат оттаму.

„Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза“, пишува во соопштението од обвинителството.

ФОТО: EPA/ALEXANDROS VLACHOS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...