Ја убил гостиварката и се преоблекол во пожарникарска униформа

1822

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето осомничено за денешното убиство во Гостивар, а ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во текот на денот ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Како што соопшти Јавното обвинителство, настанот се случил утрово околу 04 часот, во стан на улицата Илинденска во Гостивар.

„Осомничениот, поради нерасчистени должничко доверителски односи, влегол во станот на оштетените каде ги затекнал сопругата на оштетениот и нејзината мајка. Со употреба на нож првин ја нападнал 78-годишната старица, а потоа и на оштетената и задал повеќе убодни рани. При излегување од станот го сретнал и го нападнал и оштетениот, по што избегал. Во својот дом тој ја фрлил облеката што ја носел и облекол пожарникарска униформа. Од страна на единицата при Министерството за внатрешни работи по неколку часа бил пронајден и лишен од слобода. Оштетените се пренесени во болница каде старицата починала од зададените убодни рани, а брачниот пар е надвор од животна опасност и по лекарските интервенции се задржани на болничко лекување. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата 78- годишна жена е предадено на обдукција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...