Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство е повикан да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.
Од Јавното обвинителство за МИА потврдија дека обвинителот Рустеми е повикан, но поради утрешното судење за „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението, сѐ уште не е прецизирано точно време, кога ќе биде сослушан.
Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.
Обвинителката Лиле Стефановска, заедно со нејзината шефица Катица Јанева, беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.
Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јаневa.