За приговори на одбраната за сечени, лепени и монтирани докази, искрено очекував да слушнам уште жолти комбиња, рече обвинителката Вилма Русковска на рочиштето за 27 април откако побара од судот да се произнесе за приговорите кои на претходното рочиште ги изнесоа адвокатите.
Русковска рече дека обвинителатвото нема зошто ниту да лепи, ниту да сече, ниту да монтира и побара за сите снимки за кои имале забелешки адвокатите да бидат изведени од почеток.
– Што се однесува до тоа што како докази се прибавени видео снимки од телевизиите на кои го нема реалното време односно дека тоа е неквалитетен доказен материјал искреино се надевам дека одбранат знае што значи еднаквост на оружјата. Истите имаат обврска активно да водат истрага за нивните клиенти. Се надевам дека макар и сега ќе се обидат да обезбедат таков доказен материјал од телевизиите каде ќе го пишува времето – рече Русковска.
За тоа што одбраната се жалеше дека не им биле дадени видео снимките на цедиња, таа рече дека обвинителството не е кинотека да изготвува цедиња со снимките и оти на одбраната и било дозволено, покрај тоа што биле презентирани снимките, колку пати да сака да ги гледа видео материјалите во обвинителството.