Обвинителката Катица Јанева точно во 14 часот пристигна во собраниската сала каде што се одржува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се очекува таа да го презентира извештајот за шестмесечното работење на СЈО, но во салата нема ниту еден пратеник.
Јанева трпеливо чека да дојдат пратениците како и претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски, кои од непознати причини доцнат веќе десетина минути.
Инаку, седницата на која се очекува пратениците да бидат информирани за работата на СЈО претходно во два наврати беше одложувана затоа што членовите на Комисијата побараа повеќе време за да го разгледаат извештајот што до нив беше доставен пред околу десетина дена.