Адвокатот на пратеникот Крсто Мукоски во вкрстеното испрашување го праша екс министерот за здравство Никола Тодоров дали на конститутивната седница некој пратениците од говорница ја пеел македонската химна.
Тодоров одговори дека тоа бил Крсто Мукоски, а адвокатот праша дали тогаш станале пратеници.
Обвинителката Вилма Рускоска реагираше на ваквите прашања, бидејќи не произлегуваат од досегашниот исказ на Тодоров, како и дека не ја гледа целта на ваквите прашања.
– Дали Крсто пеел песнички или отварал врати ќе видиме на главната расправа – рече Рускоска.