Обвинителката во „Империја“ Лиле Стефанова денеска ќе сведочи во „Рекет“

244

Обвинителката Лиле Стефанова се очекува денеска да сведочи на судското рочиште во процесот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милевски Кичеец кој на почетокот на судењето призна вина и доби тригодишна затворска казна.

Стефанова летоска во август, речиси пет часа беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и рече дека кажала сè што знаела за поврзаноста на предметот ,,Империја” со ,,Рекет“.

– Свесна сум за огромниот интерес на јавноста и сите допирни точки на случајот „Рекет“ со „Империја“. Сè што ми е познато за случајов, кажав – рече Стефанова по распитот.

Таа беше спомната во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во кои Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, како обвинител во „Империја”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...