Во сите обвинителства во земјата се поставени дополнителни дежурни обвинители во случај ако треба да постапуваат при евентуални изборни нерегуларности, информира претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборитw и јавен обвинител Џелал Бајрами.
Бајрами очекува и денешниот изборен ден да помине во позитивна атмосфера.
– Очекувам во мирна атмосфера како што е позната и во атмосфера каква што се одвиваше во првиот изборен круг да заврши и денешниот ден и конечно ние како државата да се гордееме со тоа дека привршуваме изборен циклус без речиси ниту една поднесена кривична пријава и постапување од страна на надлежните обвинителства низ државата, истакна денеска претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите – јавниот обвинител Џелал Бајрами