Обвинет 20-годишник од Пробиштип за неовластено држење амфетамини

222
 Јавен обвинител од Основното  јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение  против едно лице за сторено кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Кај обвинетиот полицијата на 3 јули, при вршење контрола и личен претрес  во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал. При преземање на натамошни истражни дејствија, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин. Со тоа обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје доставил и предлог за продолжување на определената мерката притвор за обвинетиот бидејќи ценел  дека постојат оправдан страв од бегство на обвинетото лице и дека лицето ќе го повтори кривичното дело

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...