Обвинет за 27 април: 11 лица сме во притвор, а првите обвинети не се иако поради нив сме тука

1428
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Вилијам Михајловски, еден од обвинетите за 27 април пред продолжението на судењето за овој случај побара од судот на него и на уште десет други кои се во притвор, да им биде заменета оваа мерка со куќен притвор.

– Не е фер спрема 11 луѓе да бидеме во притвор, а првообвинетите поради кои се сите сме денес тука да не се во притвор. Ние сме седнати овде поради нив. Јас на протести сум учествувал повеќе од 60 дена без да направам ниту еден инцидент. И верувам дека и на тој ден ќе сум протестирал како и претходно и ќе сум си заминел дома. Но, таму буквално не пречекаа со отворени врати и нормално не понесе атмосферата и влеговме во Собранието. Кривичниот совет секој месец ни го продолжува притворот со решение со причина дека ќе се дадеме во бегство. Јас лично нема да избегам од причина што сакам пред овој суд да докажам дека делото што ми се става на товар не сум го сторил. Втора причина е што немам намера да си го уништам својот живот и цел живот да бегам и да се кријам туку имам намера да се оженам со својата девојка и да основам семејство. Исто така причината за ова мое барање е што имам психички проблеми во притвор. Мислам дека мерката притвор е премногу строга кон нас 11 лица, а другите се со мерки домашен притвор и мерки на претпазливост – рече обвинетиот.

Инаку меѓу првите обвинети се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Судијката Добрила Кацарска рече дека дополнително ќе се произнесе за ова барање.
Судијката исто така на мајка на еден од обвинетите и забрани да присуствува на рочиштата бидејќи по сведочењето на новинарката надвор од судот ја навредувала и вербално напаѓала.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...