Со вкрстено испрашување на вештите лица – балистичари односно со прашања од адвокатите и обвинетите, денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Монструм“.
Обвинетиот Фејзи Азири, вештаци од судска медицина и од МВР одговараа за пронајдените проектили во телата на убиените, како и за прострелните рани на жртвите. Едно од прашања кое го упати тој беше дали во жртвите било пукано рафално или поединечно.
Вештаците рекоа дека не можат да одговорат, а тој забележа дека не сакаат да одговорат, а знаат.
Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше и рече дека самиот тој или останатите обвинети може да кажат како е пукано.
Следното рочиште е закажано на 17 јануари 2019 година кога ќе се прикажуваат ПИ мерките.
Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.