Обвинет во „Монструм“ остана без адвокат, пари за нов нема

346

Предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 6 мај, во 10 часот, бидејќи на денешното рочиште службено отсутен беше претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.

Како што информира судијата Осман Шабани, и Дафинка Ивановска, адвокатот на оштетените, го известила Судот дека нема да присуствува на денешното рочиште поради патување во странство.

Османи потсети дека на 8 април поднесок до Судот поднел адвокатот Насер Рауфи, бранителот на обвинетиот Агим Исмаиловиќ, со кој го откажал полномошното на обвинетиот. Исмаиловиќ, пак, кажа дека нема пари да ангажира нов, па судот ќе му одреди бранител по службена должност.

Случајот „Монструм“ се наоѓа во доказна постапка и се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. За петкратното убиство на првото судење на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...