Обвинет арамија за кражби во аптеки и во Бардовци

183

Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за се разбојништво и тешка кражба. Обвинетиот крадел од аптеки.

– Обвинетиот двете кражби ги извршил во декември лани. Во аптека на „Зегин Фарм“ на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Тој влегол во аптеката со црна маска на лицето и шприц со игла во раката, и се заканил на вработената и одзел 9.790 денари. Второто разбојништво го сторил во  ПЗУ „Моја Аптека Зегин“. Со качулка и шал преку лицето, држејќи скалпел во рацете, се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1.500 денари, соопшти Обвинителството.

Во просториите на Центарот за ментално здравје Влае при ЈЗУ Психијатриска болница Скопје – Бардовци со провалување одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Истиот ден тој во просториите на Центарот за ментално здравје влегол два пати. Првиот пат украл четири монитори и еден рутер со вкупна вредност од 21.000 денари. Истиот ден преку прозорецот од една повторно влегол во објектот и одзел други подвижни предмети – средства за хигиена, кафе, сијалици, звучници за компјутер, компјутерски и продолжни кабли за напојување, се во вкупна вредност од 23.864 денари. Кога излегол од просториите преку скршен прозорец бил затекнат и задржан од еден сведок.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот со оглед на тоа што тој е повеќепати осудуван за ист вид кривични дела, па постои опасност тој да се даде во бегство и основан страв дека би можел да го повтори кривичното дело.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...