Обвинетите пратеници заминаа на координација и го одложија судењето за 27 април

401

Тројца од обвинетите пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов не дојдоа на продолжението од денешното рочиште за 27 април бидејќи морале да заминат на координација во Собранието. Поради тоа судењето се одложи.

Тие како дел од новата пратеничка група, формирана од исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“ отворање на Уставот, попладнево се на координација со премиерот Зоран Заев и министрите Рената Дескоска и Никола Димитров.

Нивните адвокати рекоа дека тие замолиле за уште еден час пауза, а судијката Добрила Кацарска се закани дека ќе им одреди притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...