Митко Пешов, обвинет во судењето за крвавиот четврток, началник на Одделот за специјални полициски сили рече дека носел полициска униформа 27 години и негираше дека е носител на сребрена команда во Оперативниот штаб на МВР за настаните од 27 април.
– Ги извршив сите наредби од старешините. Дојдов од мојот дом од Кавадарци за неполн 1 час – рече Пешов.
Началникот на Одделот за униформирана полиција, Душко Лазаров, рече дека не е надлежен за она што го товари Обвинителството.
– Не сум надлежен да им издавам наредба на посебните и специјалните единици и планови за евакуација, туку за тоа навремено се известени другите надлежни лица – рече Лазаров.
Тој потенцираше дека критичниот ден во оперативниот штаб не биле присутни останатите членови, кои требало да бидат присутни.
– Ако јас го напуштев оперативниот штаб, сега немаше да бидам тука – додаде Лазаров.
Во кривичниот суд сѐ уште трае изнесувањето воведни говори на обвинетите за настаните од крвавиот четврток./Макфакс