Никој од нив не се загрижил за несреќниот Хендерсон, кој лежел крвав на улицата. Не се обиделе ни да побараат прошка од семејството, а не знаеме ни што им се вртело во главите додека бесно го удирале момчето.
Ова било наведено во завршните зборови во судот во Патра, каде имало рочиште за убиството на младиот Американец на Закинтос.
-Вработениот во барот е виновен бидејќи не се обидел да ги спречи Србите да го убијат Хендерсон. Затоа е важна неговата улога во ова убиство. Тој седел покрај вратата и не се ни обидел да помогне – рекол еден од адвокатите.
Пред судот можело да се слушнат и зборовите дека обвинетите не покажале ниту трошка каење.
Судењето продолжува во понеделник, а пресудата се очекува да биде изречена на 12 ноември.
На обвинителската клупа се седум Срби, еден Грк и еден Британец со потекло од Босна и Херцеговина.
Извор: српски „Курир“
ФОТО: ЕПА