Обвинетиот Никола Митрески-Кољо во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, рече дека жали за случувањата и им се извини на сите присутни пратеници, граѓани и новинари од 27 април.
– Јавноста да знае дека ние бевме изманипулирани од идејата за така наречената “Тиранска платформа” предводена од организаторите политичари – истакна Кољо.
За влезот во Собранието, Кољо рече дека стои зад секоја негова грешка и призна дека тој ја скршил стаклената врата, а не обвинетиот Леви.
Митревски, како и претходните обвинети се осврна на сведочењста на браќата Михаил и Стефан Младеновски, за кои посочи дека има нелогичности и дека тоа може да се докаже со листинзите од мобилните за неговото движење на 27 април.
– Кога Стефан сведочеше на паузата во тоалетите на судот Стефан ме повлече и ми рече „не сум под заклетва, сега бев кај судијката која ми понуди заштита од закани” – рече Кољо.
За завршен збор на судењето за „27 април“ останува уште обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.
Претходно денеска завршен збор дадоа обвинетиот Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI