Репортерката Сара Ривест беше бакната од странец додека известуваше од фестивал во Кентаки во средата, пренесува „Метро“.
Таа рече „оооокеј“, потоа „тоа беше недолично, да се вратиме на приказната“, додека одеше во живо на телевизиската станица „WAVE“.
Мажот е идентификуван како Ерик Гудман, кој потоа е обвинет за прекршок вознемирување со физички контакт.
Ривест го сподели видеото на Твитер, пишувајќи:
– Еј господине, еве ги вашите три славни секунди. Може ли да не ме допирате? Фала.
Таа се појави на вести повторно за да ја осуди неговата постапка. Ривест вели дека луѓето може да се однесуваат глупаво во кадар додека оди во живо.
– Но, кога ќе ги ставете рацете на мене или на некој друг, без нивна дозвола, тоа не е во ред – додава таа.
Според неа, инциденти како овој фатени на камера, се премногу вообичаени.
Репортерката кажа дека се изнервирала што се насмеа кога тој ја бакнал, но тоа е поради нервозната реакција.
– Бев шокирана, но мојата нервозна смеа не е одобрение за неговите постапки. Ова беше со цел да се има сила над мене, жена – која си ја работи својата работа – која не би можела да го запре. Ме засрами, ме натера да се почувствувам неудобно и немоќно – рече Ривест.
Потоа сподели порака од нејзиниот татко, кој напишал: „Ако јас бев таму, ќе го спуштев на земја“.
ФОТО: WAVE