Обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

67

Јавното Обвинителство поднело обвинение против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство за производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Лицето беше задржано на 14.10.2018 година, при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, откако при царинска проверка кај него беа пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања – соопшто Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител, заедно со Обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што се уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...