Скопското обвинителство поднело до Основниот суд Скопје 1 Скопје обвинение против Србин кој се товари дека се обидел да украде „мерцедес“ од пред еден скопски хотел.
– Обвинетиот, кој немал регулиран престој во државава, на 20 февруари, на паркинг простор пред еден хотел во Скопје, се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – автомобил „мерцедес“, сопственост на оштетено правно лице. Тој со употреба на погодни предмети ги отворил вратите на возилото проценето на вредност од 1.875.750 денари и се обидел да го стартува. Притоа бил затекнат од три лица кои повикале полиција и го спречиле во намерата – соопшти Обвинителството.
Обвинителството предлага на судот да му се продолжи притворот на обвинетиот бидејќи смета дека и натаму постои опасност тој да избега или да го повтори кривичното дело.