Обвинение за скопјанец што си ја убил сопругата во Шуто Оризари

178

Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за убиство и за убиство во обид.

Како што информираа од Обвинителството, обвинетиот, на 14 јуни, во населбата Шуто Оризари, по вербална расправија и физичка пресметка со негов близок роднина, со нож во рака отишол во куќата на роднината. Кога оштетениот го забележал и тој зел нож во раката за да се брани, по што повторно меѓу нив дошло до физичка пресметка. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата роднини застанала сопругата на оштетениот. Во тој момент обвинетиот со умисла ја лишил од живот, замавнувајќи со ножот и задавајќи и смртоносна убодна рана во пределот на градниот кош и срцето. Потоа обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот и неговиот роднина, нанесувајќи му две површни сечни рани во пределот на градниот кош и една убодна рана во стомакот. По настанот, го фрлил ножот во дворот на куќата и заминал од местото.

Обвинителството бара од Основниот кривичен суд продолжување на претходно определната мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...