Обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром

178

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение за убиство против едно лице кое во кафеана во Хиподром со нож тешко повреди друго лице.

– Осомничениот на 24 февруари со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда  – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител доставил до судот предлог да мус е продолжи куќниот притвор на обвинетиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...