Обвинение за жената која со секира го уби сопругот

495

Скопското обвинителство поднесе обвинение за убиство против педесетгодишната жена која го уби својот сопруг во Студеничани.

– Обвинетата на 1 мај во својот дом во Студеничани, при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа  му задала три удари со сечивото на сега починатиот, стои во соопштението на Обвинителството.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...