Обвинение за „Гугл“ дека шпионира деца

88

Државниот обвинител на американската сојузна држава Ново Мексико ја обвини компанијата „Гугл“ за неовластено прибирање лични податоци на деца, кршејќи ги државните и сојузни закони.

Тужбата поднесена во Окружниот суд во Албакерки, посочува дека пакетот образовни услуги „Гугл едјукејшн“, кој ги промовира школите, учителите и родителите, е всушност алатка за шпионирање деца, како и нивните семејства.

Главниот државен обвинител Хектор Балдерас смета дека, иако оваа компанија го рекламира пакетот како вредна алатка за школите, тоа е средство за следење што децата гледаат на интернет на училиште и дома на приватните интернет-мрежи.

Според наводите, така се скенираат сите информации, како местоположби, посетени интернет-страници, видеозаписи, зачувани лозинки и листи контакти.

– Следењето податоци на учениците без согласност на родителите, не е само незаконско, туку и опасно – додава Балдерас.

„Гугл“ ги отфрла наводите како погрешни, дообјаснувајќи дека пакетот им овозможува на школите контрола на пристапот до профилите и изискува училиштата да имаат согласност од родителите кога тоа е нужно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...