Симфонискиот концерт „Ну погоди“ кој премиерно се изведе во Градскиот парк во јуни, повторно ќе прозвучи во Филхармонија во сабота на 9 ноември)во 12 часот.
Најмладите ќе имаат можност да ја слушнат музиката од популарните култни цртани филмови – „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“. Музичката изведба ќе биде збогатена со видео проекција на цртаните, а аниматор е Мартин Јордановски.
Филмовите кои ќе имаат можност да ги видат и чујат најмладите, всушност се цртани со кои израснаа нивните родители. Нарацијата ќе ја следи оваа нишка од музичката приказна на цртаните филмови – ќе им укаже на децата дека и нивните родители кога биле деца гледали цртани филмови. Концертот е убава можност да заедничка дружба на родителите со децата преку фантастичните цртани филмови кои имаат одлична приказна и музичка илустрација.
Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а аранжманите се на Владимир Николов.