Нуредини: Наша задача е да обезбедиме зелени работни места

233

Денес, во седиштето на ООН во Њујорк, започна 74-тото Генерално собрание на Обединетите Нации со Самитот за климатска акција, на кој учествуваат владини делегации од 193 земји членки на ОН, вклучително и македонска владина делегација.

Министерството за животна средина и просторно планирање, претставувана од Министерот за животна средина, Насер Нуредини, како одговорен орган на државната управа надлежен за предлагање на политиките за намалени климатски пормени, активно учествуваше во подготовките за Самитот, предлагајќи ја  засилената заложба за намалени климатски промени која се достави на барање на Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.

– Наша задача е да продолжиме со интегрирање на заложбите за намалени климатски пормени со останатите цели за одржливиот развој, обезбедувајќи пониско јаглероден раст и развој и можност за создавање на зелени работни места – изјавил министерот Нуредини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...