Одржување на предвремени парламентарни избори, во овој политички момент не и се потребни, одлучи централниот одбор на НСДП денеска во Скопје на редовна седница.
НСДП смета дека решавањето на повеќедеценскиот проблем со името и отворањето на евроатланските перспективи пред државата поставува агенда која бара надминување на партиските и уважување на државните интереси.
„НСДП е на ставот дека реформите кои ЕУ ги очекува од нас како држава да ги испорачаме, за во јуни годинава да добиеме одлука за почеток на преговори, не дозволува дефокусирање на политичката енергија и блокирање на институциите на системот со брз парламентарен изборен циклус“, се наведува во партиското соопштение.
На денешната седница на централниот одбор било оценето дека владејачката коалција треба да излезе со единствен кадндат.