НСДП нема да гласа за полковник на чело на МВР

Мираковска изјави дека  не постои ниту едно правно толкување, според кое  уставната одредба дефинирана во членот 97 може да се измени

138

Пратениците на НСДП нема да гласаат за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ армиски полковник да биде министер за внатрешни работи во техничката влада, доколку тој предлог дојде пред Собранието,  вели пратеничката Соња Мираковска.

Таа побара од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да номинира ново решение.

Мираковска изјави дека  не постои ниту едно правно толкување, според кое  уставната одредба дефинирана во членот 97 може да се измени.

– Дискусијата за наводни преседани е неодржлива, несериозна и го доведува во прашање уставниот поредок на Северна Македонија. Инсистирањето воено лице да раководи со МВР ќе ја засили перцепцијата на јавноста дека Христијан Мицкоски е уплашен од изборните резултати и не сака соочување со гласачите на 12 април- рече Мираковска.

Не навлегувајќи во биографијата на Драган Ковачки, додаде таа, сметаме дека е недозволиво оној што ќе има обврска да го штити Уставот, законите и безбедноста во наредните сто дена до изборите да биде избран со кршење на Уставот.

– Апелираме до опозицијата да не се обидува да ја држи земјата во заложништво. Знаеме дека вистинската кадровска политика се води во Будимпешта, но се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ се уште има сила и разум да го разубеди Мицкоски во неговите намери да ги опструира изборите – рече Мираковска.

Сепак, таа верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...