Централниот одбор на НСДП денеска во Скопје ја одржа својата прва, конститутивна, седница по одржаниот четврти Конгрес на партијата.
Членовите на Централниот одбор избраа 19 членови на Извршниот одбор на партијата, помеѓу кои и тројца потпретседатели и двајца секретари. За потпретседатели на партијата се избрани Горан Мисовски, Соња Мираковска и Зорица Апостолска, додека пак за организационен секретар е избран Кристијан Трајковски, а за секретар за меѓународна соработка Стојанче Манев.
Освен за изборот на членови на раководството на партијата, на седницата се разговараше и за актуелни политички теми и прашања.