НСДП: Ако не гласаме позитивно, легитимно е Западот да не нѐ разбере што сакаме со себе

130

Пружена историска можност преку челенство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели, државотворниот стремеж на македонскиот народ низ вековите да се верификува, меѓународно признае и потврди. За првпат како држава добиваме сатисфакција за нашиот конструктивен однос кон нашите соседи, сметаат од НСДП во пресрет на референдумот во недела.

„НСДП е на ставот дека ако на овој повик на меѓународната заедница не одговориме позитивно во недела и со тоа иднината на државата не ја поставиме на здрави политички и економски темели, тогаш сосема легитимно е нашите пријатели од Западот да не може да нѐ разберат кон што сакаме да се движиме, што сакаме со себе си да направиме. Неуспехот на референдумот само ќе значи остуство на визија, негирање на постоењето на идејата кај македонскиот народ за државност и турнување на граѓаните во една неизвесна иднина. Тврдењата дека неуспехот на референдумот нема да доведe до драматични внатрешнополитичи процеси, се засноваат на политички фикции и имагинации“, наведуваат од партијата.

Македонија е мултиетничко општество, колоритно во културна, етничка и јазична смила. Затоа, потенцираат од партијата, опстанокот на државата која се темели на множество заедници не може својата иднина да ја гради без уважување на нивните интереси.

Како што посочуваат од НСДП, сограѓаните на македонскиот народ, припадниците на другите етнички заедници, јасно и недвосмислено ги афирмираат своите желби и интереси да бидат дел од демократскиот свет, од НАТО и ЕУ.

„Доколку политичките структури на државата не ги артикулираат овие сигнали на етничките заедници, тогаш над нас ќе се надвисне опасност реализацијата на евро-атланските аспирации да бараат да ги афиримираат и заштита на поинакви политички начини, што може да подразбира и загрозување на интегритетот и суверенитетот на државата. Во случај на неуспех на референдумот, никој не може да определи во кој правец ќе се развиваат внатреполитичките односи помеѓу етничките заедници“, пишува во соопштението од партијата.

НСДП е уверена дека граѓаните на Република Македонија, како што на 8 септември во 1991 година го препознаа историскиот момент, така и на 30 септември, во недела, ќе го направат истото.

И пред 27 години исто како и денес, велат оттаму, постоеа ретроградни и мрачни политички сили и кругови кои се бореа за статус кво, за влегување во конфликт,  но граѓаните излегоа, гласаа и одлучија за иднината на Македонија.

„Исправени пред уште една историска одлука во недела граѓаните ќе излезат и ќе изберат својата иднина да ја градат како дел од семејствата на НАТО и ЕУ нациите“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...