По повод „ 13ти Ноември “ – Денот на ослободување на Град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов ќе организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје. Трката ќе се оддржи на 11 ноември в недела со старт и цел на Плоштад Македонија во близина на Триумфална Капија.
Патеката е кружна во должина од 1200 метри и поминува преку плоштадот Македонија, сутерен на Гратскиот трговски центар, покрај Градска болница и Собрание, преку „Рекорд “ и Центар бар“ и повторно до плоштад Македонија.
Се очекува учество на 10-тина средни училишта од скопскиот регион, кои ќе се натпреваруваат во машка и женска категорија на патеката во должина од 1200м или еден круг, додека во главната трка на 6 километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи во машка и женска конкуренција кои патеката од 1200м ќе ја свртат 5 пати.
Стартот на програмата е закажан за 15 часот, додека училишните трки започнуваат во 15,10 часот за момчиња и 15.20 за девојчиња, главната трка на 6 километри ќе стартува во 15,30 часот.
Предвидени се парични награди за најуспешните 6-мина во Главната трка , додека во Училишните трки за најбрзите 5-мина се предвидени стокови награди .