Ноќеска слаб снег на планините, од викендот потопло

342

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер (локално со брзина и над 100 км/час) што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата. Минималната температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната од 15 до 23 степени.

Во четврток сѐ уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. Во петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...