Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците, почнува зимското сметање на времето

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето.

316

Во три часот утре почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад.

Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето.

Поместувањето на стрелките на часовниците нанапред или наназад, односно ќе трае до 2021 година кога ќе биде укинато во земјите од Европската Унија.

Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...