Ноќеска драма при слетување на авион во Белград

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од утрово е затворен за сообраќај.

1073

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од утрово е затворен за сообраќај, откако патнички авион на авикомпанијата „Египет Ер“ без патници слета на аеродромската писта, каде застанал поради технички проблеми.

Како што јави Танјуг, станува збор за египетски авион од типот „Боинг 737-800“, кој на белградскиот аеродром слетал во 4.11 часот.

Поради временото затворање на аеродромот, сите авиони на компанијата „Ер Србија“ што претпладнево требаше да слетаат во Белград, се пренасочени кон околните аеродроми во регионот.

Од утрово се одложени и 15 полетувања од „Никола Тесла“.

Управата на аеродромот соопшти дека „прави максимални напори“ со цел пистата што побрзо да биде целосно функционална, нагласувајќи дека отстранувањето на египетскиот авион ќе зависи од техничките можности и од состојбата во која тој се наоѓа.

ФОТО: Blic.rs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...