Нојер го пропушта и натпреварот со Ајнтрахт

70

Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер нема да игра во последното, 34. коло од фудбалското првенство на Германија со Ајнтрахт.

Ова го најави тренерот на Баварците, Нико Ковач.

– Нојер постигнува напредок. Тој е во фаза на закрепнување, но нема да игра овој викенд – изјави Ковач.

За потсетување, голманот беше повреден на средбата со Фортуна во 29. коло.

Баерн Минхен в сабота го пречекува Ајнтрахт Франкфурт и со евентуална победа ќе освои нов шампионски трофеј во Бундеслигата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...