Носители на јавни функции од ДУИ на средба со граѓани во Чаир

Почнавме пред два месеца со Липково и Дебар во јули, паузиравме во август поради одморите и еве сега сме во Чаир, изјави Османи.

49

Власта да биде поблиска до граѓаните и да ги чуе секојдневните потреби и проблеми на граѓаните, требаше да овозможат денешните средби на владини министри и функционери од ДУИ со граѓаните во општина Чаир.

– Некогаш сметаме дека Владата е само за големи прашања и бројки, а на граѓаните им се важни секојдневните мали прашања и проблеми кои им тежат ним и на нивните семејства. Ако ги чуеме од нив ќе може да им помогнеме полесно да се соочат со секојдневните проблеми што ги носи животот – рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Ова, појасни тој, не е дел од кампањата за ререфендумот и случајно се погоди да биде сега.

– Почнавме пред два месеца со Липково и Дебар во јули, паузиравме во август поради одморите и еве сега сме во Чаир. Ние и после 30 септември до крајот на мандатот ќе имаме вакви редовни соочувања за да ги чуеме граѓаните – рече Османи.

Апелираше сите граѓани кои се во можност да доаѓаат на ваквите средби и да комуницираат со министрите и вршителите на јавни функции за да можат да се најдат решенија за нивните проблеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...