Весна Драгојевиќ, сопругата на починатиот пејач Оливер Драгојевиќ, го дала првото интервју откако останала без сопругот, кој почина по тешката болест на 29 јули 2018 година, пишува „Курир.рс“.
Таа со тага раскажала колку Оливер бил едноставен и дека во својот плакар имал само два пара фармерки, црни и бели маици…
Весна открила само дел од својот интимен свет и раскажала како изгледал соживотот со човекот чии песни ги обележале животите ширум регионот.
Семејството Драгојевиќ споменот на Оливер ќе го чува така што на едно место ќе ги собери сите негови награди кои наскоро ќе бидат изложени во музејот на Оливер во неговото родно место Вела Лука.
– Кај нас дома не се слушаа неговите песни, ниту се зборуваше за музиката. Оливер никогаш нешто посебно не се подготвуваше за концерт, ниту пак, вежбаше, а нешто премногу не ни слушаше наша музика. Слушаше главно странски песни на Јутјуб. Ние дома понекогаш мислевме дека тој не е нормален, бидејќи така лежерно се однесува кога станува збор за концертите, турнеите, албумите, а на крајот сè одлично испаѓаше…“, рекла Весна.
„Кога со синовите по неговата смрт поради технички работи малку влегов на таа естрада, сфатив дека Оливер воопшто не бил на таа естрада. Тој беше издвоен од сите тие кланови и лобија. Беше исклучок и сосема свој, без менаџери, без конфликти и без его, ние сега гледаме дека, всушност, единствено тој бил нормален.“
– Јас не слушам музика откако Оливер почна да пее – рекла Весна и додала: „Воопшто не слушам и единствено што слушав беше „Енигма“, тие издадоа четири албуми и јас ги купив, но некој ми ги однесе од дома, затоа што децата ми велеа дека не сум нормална затоа што само тоа го слушам.
Весна истакнала дека таа и Оливер имале различен вкус.
„Џезот ми беше ужас, а Оливер сакаше џез. Му реков еднаш: „Те молам, објасни ми што е тоа џез, како тоа се свири, мене тоа ми изгледа како погрешно да свираат… Тој само ми рече дека е најдобро за тоа воопшто и да не разговараме. Мене ме интересираа некои други работи, медицина, психологија и ние двајца не разговаравме многу за музиката“, го опишала Весна својот живот со Оливер.