Носете со себе чадор, следуваат денови со нестабилно време

325

Променливо и посвежо време со дожд кој некаде ќе биде пороен, најавува УХМР за петок и деновите од викендот.

Утре и во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.

Минималните дневни температури ќе бидат меѓу 9 и 19, а масималните ќе достигнат до 32 степена.

Во изминатите 24 часа, според податоците на УХМР, најмногу дожд наврнал во Охрид – 30 литри на метар квадратен, во Претор – 26, во Крива Паланка 25, а во Скопје  13 литри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...