Нормалниот крвен притисок повеќе не е 120 со 80, туку нешто сосема поинакво!

Европското кардиолошко здружение издало нови упатства, според кои нормалниот крвен притисок за систолниот е до 140, а за дијастолниот 90.

11688

Секој кој некогаш почувствувал потреба да го измери крвниот притисок, знае дека сè е во ред кога горниот е околу 120, а долниот околу 80. Сè што е над, претставува аларм и веднаш се закажува преглед кај интернист или кардиолог. А, ако е под тие норми, се знае дека е време за шеќер и вода. Меѓутоа, сега тоа се променило.

Европското кардиолошко здружение издало нови упатства, според кои нормалниот крвен притисок за систолниот е до 140, а за дијастолниот 90.

Меѓутоа, ова правило не важи за дијабетичарите, за кои границата е пониска, до 130 со 80, како и кај постарата популација.

Порано се сметало дека некој кој има притисок 139 со 89 веќе се наоѓа во состојба на предхипертензија и дека би требало да зема терапија, за да се намали ризикот од инфаркт или мозочен удар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...