Нормализиран сообраќајот на патот Маврово-Дебар

119

Сообраќајот на магистралниот пат Маврово-Дебар од 11:00 часот е нормализиран за сите возила – информираат од ЈП Македонија пат.

Како што претходно соопшти Јавното претпријатие, поради голем одрон од 2:30 часот   сообраќајот беше во целосен прекин на делот од патниот правец А2 пред селото Жировница, а наизменично се одвиваше на регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото Сенечки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...