Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Скопје

981

Вечерва во 22,20 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на местото наречено „кај тунелот викан Т2“, помеѓу Гевгелија и Неготино, сообраќајот е нормализиран.

Сообраќајот беше во прекин поради сообраќајка во која патничко возило удрило во камион на „Македонија пат“ кој растурал сол. Две деца кои биле во возилото се на иследување во кавадаречката болница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...