Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од 7:10 часот пуштен е во сообраќај магистралниот пат Струмица- ГП Ново Село кој од 2:05 часот беше во прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.