Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки е нормализиран, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија.
„Екипите на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија по остранувањето на вагоните беа максимално мобилизирани и работеа до утринските часови со што во целост ја санираа пругата и ја оспособија за нормално одвивање на железничкиот сообраќај“, соопшти јавното претпријатие.
Оттаму додаваат дека со ова е овозможено непречено одвивање на железничкиот сообраќај на Коридорот 10, односно на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки.
Железничкиот сообраќај на оваа делница беше во прекин поради несреќа што се случи изутрината околу 2 часот на 3 јули, кога товарниот воз се излизга од шините. Немаше повредени лица, а причинета беше материјална штета.