На луѓето треба да им се дозволи да јадат, пијат и пушат колку што сакаат, смета норвешката министерка за здравство Силви Листхауг, пренесува „Би-Би-Си“.
– Моето сфаќање на јавното здравје е мошне едноставно. Не мислам да бидам морална полиција и да им кажувам на луѓето како да живеат. Но, ќе им овозможам да се информираат и сами да одлучат – рече Листхауг.
Таа додаде дека пушачите во општеството се третирани како „отпадници“.
На ова имаше реакција од главната секретарка на норвешката „Лига против ракот“, Ани Лиза Руел. Таа смета дека ваквите изјави би можело да му наштетат на јавното здравје.